15.10.2020

Повик за учесници: Програма за обука за Истражување и застапување базирано на докази во Република Северна Македонија (рок за аплицирање: Четврток, 22 октомври 2020)  

EU TACSO 3 организира on-line обука наменета за граѓански организации од Република Северна Македонија.  Обуката опфаќа два модула  кои ќе бидат  спроведени кон крајот на октомври и почетокот на декември 2020.  Обуката има за цел да ги зајакне граѓанските организации кои имаат основно до просечно искуство во истражувања и застапување, за да земат активно учество во процесите на креирање политики на национално ниво во пресрет на очекуваниот почеток на преговорите со Европската Унија. Оваа програма за обука е наменета за граѓански организации кои имаат тематска експертиза во области како што се владеење на правото, антидискриминација, човекови права, родови прашања, земјоделство и други.

Првиот дводневен модул од обуката ќе се реализира на 28 – 29 октомври 2020 г. и ќе ги опфати следниве теми:

  • Вовед во дизајн и спроведување на истражувања;
  • Дефинирање истражувачки проблем и цели;
  • Квантитативни и квалитативни методи на истражување;
  • Дизајн и спроведување анкети;
  • Развивање план за истражувањето;
  • Собирања, анализи и интерпретација на податоци.

Вториот дводневен модул од обуката е планиран за почетокот на декември и ќе ги опфати следниве теми:

  • Употреба на податоците и доказите од истражувањето во процеси на застапување вклучувајќи и можности во преговарачката рамка за Република Северна Македонија, како и примери од други земји;
  • Вовед во ефективни документи за политики;
  • Структура и содржина на различни документи за политики;
  • Комуникација на предлози за политики;
  • Вмрежување со цел застапување.

Од учесниците исто така се очекува да завршат одредени задачи помеѓу двата модули. Детална агенда од обуката ќе биде споделена со селектираните уесници.  Обучувачи на двата модули ќе бидат Симонида Кацарска и Билјана Коцевска, водечки експерти во Република Северна Македонија во полето на интеграциите во Европската унија со долгогодишно регионално и меѓународно искуство во спроведување истражувања, подготовка на документи за јавни политики и застапување со цел влијание врз креирањето политики.

Заинтересираните учесници треба да пополнат и поднесат апликација за обуката најдоцна до Четврток, 22 октомври 2020 г. до 17:00ч. Може да се пријават најмногу двајца учесници од една граѓанска организација. Од заинтересираните учесници се очекува да покажат мотивација за учество во двата модули од обуката и во практичната работа помеѓу модулите. Обуката и практичната работа треба да придонесат исто така и кон вмрежување во рамки на тематските области релевантни за граѓанските организации. Селекцијата на учесниците ќе биде спроведена од EU TACSO 3 врз основа на следните критериуми:

  • Граѓанската организација има почетно до просечно искуство во истражување и застапување базирано на докази во некоја од тематските области наведени во повикот како и во некоја друга област:
  • Учесниците покажуваат мотивација и подготвеност да учествуваат во двата модули за обука и во практичната работа помеѓу модулите;
  • Учесниците покажуваат почетна подготвеност за вмрежување со други граѓански организации кои работат во тематски области релеватни за нивната работа;

Проектот за техничка поддршка на граѓанските организации во Западен Балкан и Турција (EU TACSO 3) е финансиран од Европската Унија и се реализира во земјите на Западен Балкан и Турција (www.tacso.eu). Цел на EU TACSO 3 е да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за активно учество во демократските процеси и да поттикне развој на овозможувачка околина за граѓанското општество и плурализам во развојот на медиумите.